Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 500 гр. спанаќ, ситно исецкан
- 2 јајца
- 100 гр. сирење
- смрзнато празно лиснато тесто
- бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете плех со хартија за печење.
Загрејте го маслото во тава на среден оган. Испржете го спанаќот со мешање 2-3 минути. Оставете го малку да се излади.
Изматете едно јајце со вилушка во длабок сад. Додадете го спанаќот и изронете го сирењето. Зачинете со бибер по вкус. Во друг помал сад изматете го другото јајце. Поделете ја смесата врз парчињата лиснато тесто. Намчкајте ги краевите од тестото со јајце па преклопете го. Притиснете го лиснатото тесто по краевите за да се залепи.
Префрлете ги кроасаните врз плехот и премачкајте ги со остатокот од јајце. Печете ги во загреаната рерна 25 минути.
На здравје!