Предјадење или лесен ручек

Крем печурки врз тост

Вкусен рецепт за крем печурки врз тост, комбинирани со сланина и павлака.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 6 парчиња леб
  • 500 гр. печурки
  • 1 кромид, ситно исецкан
  • 25 гр. путер
  • 1 лажица масло
  • 50 мл. бело вино
  • 6 парчиња сланина
  • 200 мл. кисела павлака
  • магдонос
  • црвен пипер

Подготовка

Во поголема тава загрејте го путерот и маслото на рингла на среден оган. Додадете го сецканиот кромид и пржете го додека да добие светло кафеава боја. Потоа додадете ги печурките и гответе ги 15 мин со често мешање. Зголемете ја јачината на ринглата и додадете го белото вино. гответе неколку минути додека сосот не се згусне.
Додека се подготвуваат печурките потпечете го лебот на тост и ставете го во чинија за сервирање. Во тава на среден оган потпржете ја сланината додека не стане крцкава.
Распределете ги печурките врз секое парче потпечен тост и додадете по една лажица павлака. Врз павлаката ставете парче крцкава сланина, зачинете со црвен пипер и декорирајте со магднос.
Послужете го јадењето веднаш. На здравје

14 септември 2012 - 14:24