Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
12 парчиња
Состојки
- 1 векна француски багет леб
- 3 зрели домати
- 7-8 гранчиња босилек, ситно исецкан
- 2 чешниња лук
- 1 кромид
- 1 жолта бабура
- 100 гр. зелени маслинки
- сол и бибер
- ½ лажичка оригано
- свеж кориандер, ситно исецкан
- 50 мл. маслиново масло
- 3 лажици рендано сирење
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во поголем длабок сад измешајте ситно исецкани домати, босилек, лук, кромид, пиперка и маслинки. Зачинете ги со оригано, сол и бибер. Оставете ја оваа смеса да отстои околу 30 минути за да се помешаат и впијат сите вкусови.
Исечете го лебот на подебели парчиња.
Намачкајте го секое парче со маслиново масло од двете страни. Наредете ги парчињата леб на еден плех и печете ги во рерна околу 5 минути додека да добијат златно жолта боја.
Распоредете ја рамномерно смесата со домати врз парчињата леб.
Изрендајте сирење врз секое парче и вратете ги во рерна да се допечат уште 5 минути или додека да се растопи сирењето.
Пред да ги сервирате брускетите капнете некоја капка маслиново масло врз секое лепче.
Послужете ги топли.