Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 кг. тиква
- 3 лажици путер
- 3 лажици оцет балсамико
- 2 главици кромид
- 3 лажички жалфија
- 1 лажица мед
- прстофат кориандер
- сол и бибер
- 50 гр. лешници
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Исечете ја тиквата на парчиња и наредете ја на плех за печење. Измешајте 3 лажици растопен путер со 3 лажици оцет балсамико и со оваа смеса прелијте ја тиквата. Додадете во плехот 2 главици сецкан кромид. Зачинете со мешавина од кориандер, жалфија, сол, бибер и лажица мед.
Додадете 100 мл. вода во плехот и печете ја тиквата 20 минути. Додадете 50 гр. сецкани лешници и продолжете со печење уште 20 минути.
Пријатен апетит!