Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 2 големи компири
- 100 гр. ситно сецкан целер
- 100 гр. сецкан кромид
- 240 мл. млеко
- сол и бибер
Подготовка
Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Ставете ги во тенџере со кромидот и целерот. Додадете вода но не ги преливајте сосема.
Зовријте ги, па намалете ја јачината на ринглата на тивко и гответе ги 25 минути додека да омекне зеленчукот. Во меѓувреме загрејте го млекото.
Испасирајте го зеленчукот на покрупно. Додадете доволно млеко за да ја постигнете посакуваната густина.
Зачинете со сол и бибер оп вкус, но имајте во предвид дека че ви биде потребно повеќе сол од вообичаено.
На здравје!