За љубители на цвекло

Салата од цвекло

Печено цвекло со кромид, босилек и оцет балсамико.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 час и 10 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 1 кг. цвекло
  • 2 главици црвен кромид
  • маслиново масло
  • сол и бибер
  • 2-3 лажици оцет балсамико
  • 1 лажичка сенф
  • свеж магоднос и босилек

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете го цвеклото, исечете го на коцки, зачиенте го со маслиново масло сол и бибер и замотајте го во алуминиумска фолија. Печете го цвеклото во плех во загреаната рерна 1 час. По еден час отворете ја фолијата и со вилушка проверете дали е меко. По потреба продложете со печење уште 10-15 минути.

Во длабок сад измашајте го цвеклото со ситно сецкан кромид. Зачинете ја салатата со оцет балсамико, сенф и свеж магдонос. Додадете сол и бибер по вкус и декорирајте со ливчиња босилек. 

8 ноември 2012 - 07:00