Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 500 гр. корен од целер
- 1 лажица сол
- 2 лажици топла вода
- 1 лимон
- 50 гр. сенф
- 50 гр. павлака
- 50 мл. маслиново масло
- сол и бибер
- 50 гр. сецкан свеж магдонос
Подготовка
Крупно изрендајте го целерот, измешајте го со 1 лажица сол и 2 лажици топла вода и оставете го 20 минути да одстои во цедалка. Потоа исплакнете го под млаз вода и исцедете го.
Ставете го ренданиот целер во сад за сервирање. Измешајте сок од еден лимон со сенф, павлака и маслиново масло. Додадете го преливот врз целерот, зачинете со сол и бибер по вкус и добро промешајте. На крај додадете свеж ситно сецкан магдонос и салатата е подготвена да ја послужите.