Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 лажичка путер
- 2 јајца
- 70 гр. брашно
- 70 мл. млеко
- 2 лажички кафеав шеќер
- 1 лажичка ванила екстракт
- прстофат сол
Фил
- 1 лажичка путер
- 1 јаболко, исечено на текнки парчиња
- 2 лажици кафеав шеќер
- 2 лажички сок од лимон
- шеќер во прав
Подготовка
Намачкајте една округла тепсија со една лажичка путер и ставете ја во рерна.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во еден сад изматете јајца, брашно, млеко, кафеав шеќер, ванила и сол.
Кога рерната ќе биде загреана извадете ја тепсијата од рерна и во неа истурете го тестото. Печете ја палачинката 15-20 мин. додека да добие златно жолта боја.
Во меѓувреме загрејте лажичка путер во едно тавче на рингла на среден оган и во него пропржете ги парчињата јаболко. Додадете шеќер и лимон и мешајте додека да се растопи. Намалете ја јачината на ринглата и пржете ги јаболките уште некоја минута.
Кога палачинката ќе биде готова поставете ја на поголема чинија за сервирање. Покријте ја со глазирани јаболки и декорирјате ја со шеќер во прав.