Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 230 гр. сланина
- 1 голем кромид исечен на тенки парчиња
- 230 гр. моцарела сирење исечено на парчиња
- 4 парчиња готово тесто за пица (замрзнато)
- рендан пармезан
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Исечете ја сланината на коцки со дебелина од околу 2-3 см. Потоа пропржете ја 2-3 минути во тава на среден оган. Извадете ја сланината од тавата врз хартиена салфета за да се впие вишокот маснотија. Додадете го кромидот во истата тава и пржете го со постојано мешање околу 10 минути, додека да се карамелизира и добие кафеава боја.
Извадете го тестото за пица од замрзнувач. Наредете ги пиците врз плех обложен со хартија за печење. Најпрво наредете врз секое тесто парчиња моцарела. Потоа поделете ги рамномерно карамелизираниот кромид па сланината.
Печете ги пиците околу 20 минути додека да се растопи сирењето и кората на пицата добие златно кафеава боја.
Изрендајте пармезан врз пиците и послужете ги веднаш.
На здравје!