Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 25 гр. несолен путер
- 200 мл. млеко
- 100 гр. спанаќ
- 250 гр. брашно
- 1 лажчка прашок за пециво
- 1 лажчка сода бикарбона
- 50 гр. рендан пармезан
- 1 јајце
- 120 гр. козјо сирење
- 8 чери домати
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте со малку масло 8 калапи за мафини. Загрејте го путерот и млекото во тенџере на среден оган. Додадете го спанаќот и мешајте 1 минута. Одстранете го од оган, оставете го малку да се излади и измешајте го малку со блендер за да добиете изедначена смеса.
Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и сода бикарбона. Додадете пармезан, јајца и смесата со спанаќ. Издробете го сирењето и промешајте ја целата смеса за да се соедини. Смесата поделете ја во калапите за мафини. Боцнете ги со нож чери доматите и ставете по еден во секој калап врз тестото.
Печете ги мафините 20 минути додека да пораснат. Остевете ги да се изладат пред да ги послужите.
На здравје!