Солена торта

Торта од ориз

Вкусна солена торта од ориз, пилешко и домати.

Време на подготовка:
40 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 140гр. ориз
  • 250гр. чадено пилешко, исецкано
  • 140гр. излупени, исецкани домати
  • 250гр. моцарела, рендана
  • 3 главици млад кромид, ситно сецкан
  • 2 лажици ситно сецкан босилек
  • 3 јајца, лесно изматени

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте долгнавест калап за печење ролат со малку масло. Обложете го со хартија за печење.
Сварете го оризот во вода со малку сол, околу 20 минути. Исцедете го и оставете го на страна малку да се излади.
Во голем сад измешајте ги оризот, сецкано пилешко, домати, 200гр. моцарела, кромид, јајца и босилек. Зачинете со бибер по вкус. Смесата треба да е добро измешана.
Префрлете ја смесата со оризот во подготвениот калап. Одозгора додадете го остатокот од моцарела. Печете ја тортата од ориз 20 минути додека да добие златно жолта боја. Оставете ја да одстои 5 минути во калапот пред да ја извадите.
Кога ќе се излади исечете ја со остар нож на парчиња и послужете ја веднаш.

10 септември 2013 - 09:35