Мезе

Цвекло со павлака

Вкусно предјадење од цвекло и павлака со печени лепчиња.

Време на подготовка:
 мин.

Време на готвење:
 мин.

Вкупно време:
 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 2 готови теста за пица
  • маслиново масло
  • сусам
  • 450 гр. цвекло од тегла
  • 1/2 главица црвен кромид, сецкан
  • 2 лажици суво грозје
  • 1 лажица оцет балсамико
  • 100 гр. павлака
  • сол и бибер
  • оригано

 

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете еден плех со хартија за печење. Ставете ги тестата за пица врз плехот и намачкајте ги со малку маслиново масло. Посолете ги со сусам и зачинете ги со сол, бибер и малку оригано. Печете ги 10-15 минути. Потоа оставете ги пица лепчињата да се изладат и исечете ги на осминки.

Во блендер измешајте ги цвеклото, сувото грозје, кромидот и лажица оцет. Префрлете ја смесата во длабок сад и додадете ја павлаката. Добро измешајте и сервирајте со пица лепче.

11 јануари 2013 - 07:00