Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 500 гр. колбаси
- маслиново масло
- 1 лажица масло за готвење
- 2 главици кромид тенко исецкани
- 1 чешне лук, исецкан
- 2 лажички кумин
- 2 лажички кориандер
- 1/2 лажичка чили зачин
- 420 гр. ориз
- 800 мл. телешка супа од коцка
- 1 црвена пиперка, исецкана
- 5 лажици босилек, свеж
Подготовка
Сварете една телешка коцка супа во 800 мл. вода во тенџере на посилен оган.
Загрејте малку масло во поголема тава на силен оган. Пржете ги колбасите околу 8 минути додека да добијат кафеава боја. Потоа префрлете ги во чинија и исецкајте ги.
Загрејте 1 лажица масло во тава на среден оган. Пржете ги кромидот и лукот околу 3 минути додека да омекнат. Додадете кумин, кориандер и чили. Гответе ги уште 1 минута.
Додадете го оризот во тавата и промешајте. Потоа додадете ја супата и сецканата пиперка. Кога ќе зоврие намалете ја ринглата, покријте ја тавата со капак и оставете го оризот да се вари 10 минути додека да се впие течноста.
На крај додадете ги колбасите и босилекот и промешајте. Зачинете со сол и бибер по вкус и послужете го веднаш.
На здравје!