Гурмански викенд ручек

Полнето свинско

Рецепт за вкусни кременадли полнети со сос од домати и спанаќ.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 свински кременадли
  • 2 лажци маслиново масло
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 3 домати, излупени, исчистени од семето и ситно сецкани
  • 280 гр. спанаќ (свеж или смрзнат)
  • ½ лажчка сол
  • ½ лажичка бибер
  • ¼ лажичка мајчина душица
  • 50 гр. сирење
  • 70 гр. кремсирење

Прелив

  • 300 мл. пилешка супа од коцка
  • ½ лимон
  • 2 лажици сенф

Подготовка

Ако користите свеж спанаќ избланширајте го во тенџере зовриена вода 30 секунди. Потоа извадете го во цедилка и исплакнете го со студена вода.
Загрејте 1 лажица масло во тава на среден оган. Пржете го лукот 1 минута додека да омекне. Потоа додадете ги доматите и спанаќот и зачинете со сол, бибер и мајчина душица. Гответе ги уште неколку минути па префрлете ја смесата во еден сад и измешајте ја со сирењето и кремсирењето додека да се соединат.
Со остар нож направете засеци во кременадлите и наполнете ги со подготвената смеса. Затворете ги процепите со чепкалки. Зачинете ги кременадлите со сол и бибер по вкус.
Во мал сад измшајте ја пилешката супа со кора и сок од половина лимон и со 2 лажици сенф.
Загрејте лажица масло во голема подлабока тава на среден оган. Пржете ги кременадлите по околу 4 минути од секоја страна додека да добијат златно жолта боја. Префрлете ги во затворен сад за да останат топли. Во истата тава додадете ја зачинетата пилешка супа. Со мешање гответе ја супата околу 8-10 минути додека зоврие и се намали за половина.
Прелијте ги кременадлите пред сервирање со лесниот сос од пилешка супа.
Пријатен апетит!

5 октомври 2012 - 13:39