Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 1 лажица маслиново масло
- 8 помали парчиња пилепки гради
- 200 гр. моцарела тенко исецкана
- 8 парчиња пршута
- 400 мл. доматно пире
- мајчина душица, оригано, босилек
- сол и бибер
- чери домати
- свежи гранчиња мајчина душица за декорација
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
загрејте масло во тава на среден оган. Испржете го пилешкото 2-3 минути од секоја страна додека да добие златно жолта боја.
Ставете врз секое парче пилешко моцарела сирење и замотајте ги со пршута. Врзете го месото со кујнски конец.
Во подлабока тава истурете го доматното пире и зачините. Исецкајте ги и додадете ги чери доматите. Наредете ги парчињата пилешко со пршута во тавата. Печете ги 20 минути во загреаната рерна.
Послужете го пилешкото декорирано со свежа мајчина душица и пире од компири како прилог.