Време на подготовка:
60 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
1 ч. 30 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 6 пилешки гради
- 2 лажици сол
- 100 гр. ситно сецкани ореви
- 2 лажици рузмарин
- 2 чешниња лук
- 3 лажици масло
- сол и бибер
Подготовка
Наполнете еден сад со ладна вода и додадете две лажици сол. Ставете ги пилешките гради во садот и потоа оставете ги да одстојат во фрижидер еден час.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте еден огноотпорен сад со 1 лажица масло. Во мал сад измешајте ги оревите, рузмаринот и ситно сецкан лук. Извадете го пилешкото од водата и избришете го со хартиена салфетка. Наредете го пилешкото во садот за печење во еден ред. Одозгора истурете ја смесата со оревите и добро притиснете ја врз месото за да се залепи. Зачинете го пилешкото со 2 лажици масло, сол и бибер и ставете го да се пече. Печете го 30 минути додека да добие златно жолта боја.
Послужете го веднаш со свежа сезонска салата како гарнир.
На здравје!