За сите љубители на италијанската кујна

Пица шпагети

Пица и тестенини приготвени во необична комбинација

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 ќесичка шпагети
  • 300 гр. моркови
  • 150 гр. шунка
  • 50 гр. кулен или чајна колбасица
  • 2 зелени пиперки
  • 2 домати
  • 2 дл. млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажица брашно
  • 250 гр. кашкавал за пица
  • 100 гр. рендан пармезан
  • 2 лажици масло
  • оригано

Подготовка

Сварете ги шпагетите во тенџере со вода, малку сол и една лажица масло, според упатството на ќесичката. Исецкајте ги пиперките на тркалца и 3 минути пред крај на варењето додадете ги во водата со шпагетите.
Процедете ги шпагетите со пиперките, па префрлете ги во огноотпорно тавче подмачкано со малку масло.
Исецкајте ја шунката на потенки ленти и рамномерно распоредете ја врз шпагетите.
Во еден сад измешајте ги млекото, брашното, јајцата и пармезанот и прелијте го преку шунката. Потоа доматите исечете ги на тенки кругови и наредете ги во тавчето.
Врз доматите изрендајте го кашкавалот. Куленот исечете го на многу тенки парчиња и наредете го најгоре.

Зачинете со оригано.
Печете ги пица шпагетите во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
Послужете ги веднаш.

17 јуни 2012 - 19:55