Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 лажица сенф
- 1 лажица магдонос
- 2 лажички кафеав шеќер
- 4 парчиња свинска кртина
- 2 црвени јаболки, излупени и исечени на парчиња
- 1 главица црвен кромид, исечен на тенки парчиња
- 2 лажички жалфија
- 1 лажица маслиново масло
- 500гр. пире како прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Измешајте сенф, магдонос и шеќер во мала чинија. Премачкајте го свинското од двете страни со оваа смеса. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Ставете го свинското во голема тава за печење. Наредете ги околу месото парчињата јаболко, кромид и ливчиња жалфија. КАпнете малко маслиново масло. Печете го месото 20 минути.
Сервирајте го свинското веднаш со пире од компири како прилог и свежа мешана зелена салата.
Пријатен апетит!