Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 50 гр. ориз
- 80 мл. маслиново масло
- 3 главици праз, тенко сецкан (само белиот дел)
- 3 тиквици рендани
- 2 чешниња лук
- 2 лажици нане, ситно сецкано
- 2 лажици копар, ситно сецкан
- 8 јајца изматени со вилушка
- 150 гр. фета сирење
- кромид и домат за гарнир и декорација
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло едно округло тавче.
Сварете го оризот во зовриена посолена вода 8 минути. Потоа исцедете го од водата.
загрејте 2 лажици масло во тава и пржете го на слаб оган празот 7-8 минути додека да омекне.
Додадете ги тиквиците и лукот и гответе ги 1-2 минути. Потоа додадете ги оризот, јајцата, фета сирење нане и копар и добро промешајте.
Зачинете со сол и бибер по вкус.
Префрлете ја смесата во тавчето за печење и печете го омлетот 30 минути.
Сервирајте го омлетот со сецкан кромид и домати, зачинети со маслиново масло.