Пилешко

Панирано пилешко

Панирано пилешко со пире од сладок компир.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 125мл јогурт разреден со вода
  • 1 лажичка ситно рендана кора од лимон
  • 1 чешне лук, исецкано
  • 8 парчиња бело пилешко
  • 700ге. сладок компир, излупен и исецкан на крупни парчиња
  • 60гр. лебни трошки
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 1 лажица маслиново масло
  • зеленчук зготвен на пареа како прилог

Подготовка

Измешајте го јогуртот со 2-3 лажици вода, кора од лимон и лук. Додадете го во овој сос пилешкото и добро промешајте за да се облие. Покријте го во сад и оставете го во прижидер еден час.
Во меѓувреме сварете го слаткиот компир во сад со вода додека да омекне. Процедете го од водата и испасирајте го во пире. Покријте го за да остане топло.
Во чинија измешајте лебни трошки и магдонос. Процедете го пиелшкото од сосот и панирајте го во лебните трошки со магдонос.
Загрејте масло во поголема тава на силен оган. Пржете го пилешкото по 2-3 минути од секоја страна додека да добие златно жолта боја.
Послужете го панираното пилешко со пирето од сладок компир и зеленчук по ваш избор зготвен на пареа.

24 септември 2013 - 09:11