Италијански деликатес

Лазањи со шунка и рикота

Рецепт за лазањи во тава со шунка, тиквици и сирење.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

5 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромод, ситно сецкан
  • 200 гр. шунка, исецкана на тенки парчиња
  • 2 средни тиквици, исецкани на ситни коцки
  • 1 црвена пиперка, исецкана
  • 200 гр. печурки, исецкани
  • 500 гр. доматно пире зачинето со сол и босилек
  • 3 листови тестенина за лазањи, исечени на четвртини
  • 200 гр. рикота сирење, изронето
  • 100 гр. кашкавал, рендан
  • свеж босилек

Подготовка

Загрејте половина лажица масло во тава на посилен оган. Пропржете ги кромидот и шунката 2-3 минути. Додадете тиквици, пиперка и печурки. Гответе уште 5 минути со мешање, додека да омекне зеленчукот.
Потоа додадете го сосот од домати, зачинет со сол, бибер и босилек. Зовријте ја смесата и намалете ја ринглата. Гответе го сосот уште 5 минути додека малку да згусне. Префрлете го сосот во длабок сад.

Избришете ја тавата. Додадете половина лажица масло. Наредете 3 парчиња лазања на дното. Додадете една третина од сосот и една третина од рикота сирењето. Повторете ја постапката со остатокот од сосот, лазањите и сирењето. На крај одозгора додадете го ренданиот кашкавал.

Вратете ја тавата на рингла на средна јачина. Гответе ја лазањата во тавата со покриен капак 12 минути. Потоа одстранете го капакот и гответе уште 4 минути.

Послужете ја лазањата веднаш, декорирана со ливчиња свеж босилек.

29 јануари 2013 - 07:00