Закуска со телешко

Купчиња од марула и телешко

Вкусно и свежо предјадење.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 350 гр. телешко, ситно сецкано
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица масло
  • 100 гр. оризови тестенини
  • 1 краставица исецкана на тенки ленти
  • 4 лажици ситно сецкано нане
  • 4 лажици сецкан кориандер
  • 8 листови марула, измиени
  • 1/2 кромид

Прелив

  • 8 лажици соја сос
  • 1 лажица оцет балсамико
  • 2 лажици лимонов сок
  • 2 лажички кафеав шеќер

Подготовка

Измешајте во длабок сад телешко, лук и масло. Зачинете ги со сол и бибер и оставете ги.
Тестенините сварете ги во тенџере зовриена вода 4 минути. Потоа процедете ги и исплакнете ги со студена вода. Во еден сад измешајте ги тестенините со сецкана краставица и 2/3 од кориандерот и нането.
Измешајте ги сите состојки за преливот во еден сад. Мешајте додека да се растопи шеќерот.
Загрејте вок тава на рингла на силен оган. Додадете го половина од телешкото и ситно исецканиот кромид. Пржете го со мешање 5 минути. Префрлете го во чинија па испржете го остатокот.
Ставете листови марула во чинија. Поделете ги тестенините во секој од листовите. Додадете телешко и кромид и по една лажица од преливот.
Декорирајте со остатокот од нане и кориандер.

26 февруари 2013 - 07:00