Лиснато тесто

Кроасани со говедско

Триаголници со говедско месо.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

16 парчиња

Состојки

  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 помал кромид, ситно сецкан
  • 350гр. мелено говедско месо
  • 400мл. зеленчукова супа од коцка
  • 4 листови замрзнато лиснато тесто
  • 1 јајце, изматено
  • 2 лажички сусам
  • зелена салата

Подготовка

Загрејте масло во голема тава на силен оган. Испржете го кромидот 3-4 минути за да омекне. Додадете го меленото месо и гответе го со мешање 5-6 минути. Тргнете ја тавата од оган и оставете смесата да се излади. Додадете ја супата и добро измешајте.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех со хартија за печење. Расечете го секој лист лиснато тесто на 4 квадрати. СТавете на средина од секој квадрат 2 лажици од смесата со месо. Преклопете го тестото за да доббиете триаголник. Притиснете ги рабовите за да се залепат.
Приготвените лиснати триаголници поставете ги во плехот. Премачкајте ги со изматено јајце и посолете сусам. Печете ги 15 минути додека да добијат златна боја.
Послужете ги топли со свежа зелена салата.

19 јули 2013 - 09:43