Малку поинакви компири

Компир тава со кромид

Рецепт за нов начин на приготвување на печени компири.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 3 поголеми компири
  • 200 гр. кромид ситно сецкан
  • 600 гр. рендан кашкавал
  • 350 гр. павлака
  • сол и бибер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени.


Завиткајте ги компирите цели, нелупени во алуминиумска фолија. Печете ги компирите на во рерна околу еден час.

Отстранете ја фолијата и оставете ги да се изладат на собна температура. Потоа ставете ги компирите во фрижидер околу половина час. Изладените компири изрендајте ги во поголем сад.

Додадете го ренданиот кромид во компирите, зачинете со сол и бибиер по желба и промешајте ги.

Потоа додадете ¾ од ренданиот кашкавал.

Внимателно промешајте со вилушка. На крај додадете ја павлаката.


Префрлете ја смесата во тава без да ја притискате.

Додадете го остатокот од ренданиот кашкавал врз компирите.


Печете ги компирите во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Послужете ги топли.

11 јуни 2012 - 07:00