Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
65 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1кг. пилешки батаци без кожа
- 2 лажици кари
- 1 лажица масло
- 1 главица кромид, сецкан
- 250гр. ориз
- 30гр. суво грозје
- 1 јаболко исецкано на парчиња
- 1 домат и сечен на парчиња
- 500мл. пилешка супа од коцка
- сецкан кориандер за декорација
- кисело млеко
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Во длабок сад измешајте го пилешкото зачинето со кари.
Загрејте масло во длабока тава на силен оган. Пржете го пилешкото по 4 минути додека да добие златна боја. Префрлете го во чинија.
Во тавата додадете кромид. Пржете го 2-3 минути. Додадете го оризот. Гответе го 1-2 минути. Додадете суво грозје, јаболко и домат. Добро промешајте.
Смесата од ориз префрлете ја во длабока тава. Врз оризот наредете го пилешкото. Прелијте го со пилепка супа. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете го 45-50 минути.
Послужете го овој специјалитет со сецкан кориандер и кисело млеко.