Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 700 гр. компири
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка црвен пипер
- маслиново масло
- 180 мл. јогурт
- 1 лажица ситно сецкана зелена пиперка
- 1 лажичка рендана кора од лимон
- 1 лажица сок од лимон
- 2 лажици сецкан свеж магдонос
- 4 филети од бела риба
- зелена салата
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња. Ставете ги во тенџере со вода и варете ги 5-10 минути на рингла на силен оган. Потоа процедете ги од водата. Обложете еден плех со хартија за печење. Намачкајте го со маслиново масло и поставете го компирите. Посолете ги со сол по вкус, додадете оригано и црвен пипер и печете ги околу 30 минути додека да добијат златно жолта боја.
Во меѓувреме во тава со малку масло испржете ги филетите од риба на среден оган по 3-4 минути од секоја страна. Потоа извадете ги во чинија со хартија за да се впие вишокот масло.
Во сад измешајте го јогуртот со ситно сецкана пиперка, свеж магдонос, кора од лимон и една лажица сок од лимон. Добро измешајте ги сите состојки.
Послужете ја рибата во чинија со свежа зелена салата, компири и подготвениот прелив од јогурт.
На здравје!