Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 500 гр. фетучини
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица путер
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 220 мл. хопла
- 2 лажици крем сирење
- 2 лажички оригано
- 1 лажичка жалфија
- 2 лажици свеж магдонос, ситно сецкан
- сол и бибер
- кашкавал
Подготовка
Сварете ги фетучините во големо тенџере со вода и сол, според упатството на ќесата.
Во голема тава загрејте го маслиновото масло и путерот на среден оган. Додадете ги лукот и кромидот. гответе ги една минута со постојано мешање. Намалете ја јачината на ринглата на најслабо и постепено додадете ја хоплата. Потоа додадете го крем сирењето. Гответе ја смесата околу 5 минути додека да се згусне и сирењето да се растопи. На крај додадете ги сите зачини и добро промешајте. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Сварените фетучини процедете ги од водата и додадете ги во сосот. Промешајте ги за да се облијат со сосот од сите страни. Оставете ги да одстојат 5 минути пред да ги послужите.
Фетучините сервирајте ги во чинија и изрендајте кашкавал по желба.