Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1 л. пилешка супа од коцка
- 500 мл. лесен соја сос
- 250 мл. црвено вино
- 2 лажички цимет
- рендана кора од портокал
- 1 лажичка ѓумбир
- 300 гр. кафеав шеќер
- 1 цело големо пиле
- исецкан кромид за гарнир
- 2 лути пиперчиња ситно сецкани
Подготовка
Загрејте во големо тенџере на посилен оган пилешка супа, соја сос, црвено вино, цимет, рендана кора од портокал, ѓумбир и кафеав шеќер. Зовријте ја со мешање додека да се раастопи шеќерот. Намалете ја јачината на ринглата и оставете ја смесата да се готви уште 5 минути.
Исплакнете ја внатрешноста на пилето под млаз вода и потоа исушете го со хартија. Ставете го целото пиле во тенџерето. Зголемете ја јачината на ринглата додека да зоврие и потоа намалете. Покријте го тенџерето со капак и оставете го пилешкото да се вари 20 минути. Потоа превртете го од другата страна и варете го уште 20 минути.
По варењето оставете го месото да одстои 30 минути пред да го сервирате.
Исечете го пилето на парчиња и поставете го на чинија за сервирање. Додадете малку од течноста во која го варевте и декорирајте го со исецкан кромид и луто пиперче.
На здравје!