Летен десерт

Сладолед торта

Брза летна торта со вашите омилени состојки.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

6-8 лица

Состојки

  • 450 гр. чајни колачиња без прелив
  • 5 лажици путер
  • 1.5 л. чоколаден сладолед
  • 300 гр. мачмалоу колачиња
  • чоколаден прелив
  • 150 гр. сецкани лешници

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во еден сад раздробете ги чајните колачиња на трошки и добро измешајте ги со путерот. Префрлете ја смесата во плех, распределете ја рамномерно на дното и добро притиснете ја. Печете ја смесата во загреаната рерна 10 минути. Потоа оставете ја да се излади.
Извадете го сладоледот од замрзнувач и оставете го малку да омекне. Во сад измешајте го сладоледот со исецкани мачмалоу колачиња. Потоа смесата од сладолед префрлете ја во тавата со печениот колач. Ставете ја во замрзнувач најмалку еден час.
Послужете ја тортата од сладолед со чоколаден прелив и декорирајте со сецкани лешници.

3 август 2012 - 20:23