Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 3 јајца
- 120гр. шеќер во прав
- 1 лажичка ванила екстракт
- 250мл. млеко
- 300мл. хопла
- мелено морско оревче
- исецкано сезонско овошје како прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата и шеќерот во длабок сад. Матете додека да се растопи шеќерот. Додадете ванила, млеко и хопла.
Истурете ја смесата во тавче за печење. Најгоре испрскајте го пудингот со малку морско оревче. Садот со пудингот поставете го врз плех за печење и во плехот покрај тавчето турете зовриена вода која треба да дојде до пола од висината на тавчето.
Печете го пудингот 40 минути додека да добие златно жолта боја. Послужете го пудингот топол или на собна температура со исецкано сезонско овошје по вкус.