Десерти од јаболко

Мафини од јаболко

Вкусни мафини од јаболко со прелив од овес и цимет.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

16 парчиња

Состојки

  • 400 гр. брашно
  • 3 лажички прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 100 гр. бел шеќер
  • 50 гр. кафеав шеќер
  • 1 јаболко, излупено и исецкано
  • 1 јајце
  • 200 мл. млеко
  • 50 мл. масло

Прелив

  • 2 лажици растопен путер
  • 70 гр. брашно
  • 100 гр. кафеав шеќер
  • 50 гр. овес
  • 1 лажичка цимет

Подготовка

загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте ги калапите за мафини со малку масло и оставете ги на страна.
Измешајте 400 гр. брашно со прашок за пециво, сол, бел и кафеав шеќер и едно ситно сецкано јаболко во еден длабок сад. Изматете едно јајце и во него додадете млеко и масло. Истурете ја оваа смеса врз мешавината од брашно и шеќер и добро измешајте додека да се соединат сите состојки.


Рамномерно истурете го тестото во калапите за мафини.
Измашајте ги во еден сад сите состојки за преливот. Потоа со лажица додадете од оваа смеса врз тестото во калапите.


Печете ги мафините 25 минути додека да добијат златно жолта боја.

18 октомври 2012 - 20:25