Турски десерт

Локум во кори

Турски специјалитет од локум печен во кори.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

24 парчиња

Состојки

  • 60мл. мед
  • 55гр. шеќер
  • 120мл. вода
  • 100гр. ореви, ситно сецкани
  • 140гр. фстаци, ситно сецкани
  • 300гр. локум, исецкан
  • 1 лажичка цимет
  • 100гр. путер, растопен
  • 24 листови свежи кори

Подготовка

Измешајте ги медот, шеќерот и водата во мал сад и гответе ги околу 2 минути на слаб оган додека да се растопат. Зголемете ја
јачината на ринглата за да зоврие смесата. Гответе го сирупот околу 2-3 минути за да згусне. Потоа тргнете го од оган.
Измешајте ги оревите, фстаците, локумот, цимет и половина од сирупот во длабок сад.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете една кора на работната маса. Премачкајте ја со малку растопен путер. Ставете врз
кората 1 лажичка од смесата од локум. Превиткајте две спротивни страни за да ја затворите смесата и потоа замотајте ја
кората во мал цилиндер како на сликата. Ставете ја замотаната кора во плех за печење. Повторете ја постапката со остатокот
од корите.
Печете го десертот 15 минути додека да добијат корите светло кафеава боја. Тргнете ги од рерна. Додека се сеуште жешки
прелијте ги со остатокот од сирупот. Оставете ги да се изладат целосно пред да ги послужите.
На здравје!

7 септември 2013 - 10:47