Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
12 лица
Состојки
- 150 гр. несолен путер
- 275 гр. шеќер во прав
- 1 лажичка ванила
- 2 јајца, лесно изматени
- 250 гр. брашно
- пражок за пециво
- 160 мл. млеко
- 300 гр. замрзнати вишни или овошје по избор
Прелив
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 лажичка цимет
- 40 гр. ситно сецкани бадеми
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте тавче со малку масло и обложете го со хартија за печење.
Со миксер изматете го путерот со шеќер и ванила 5 минути. Додадете јајца и продолжете со матење. Во друг сад измешајте ги брашното, млекото и прашок за пециво. Потоа додадете го со лажица во изматената смеса заедно со вишните. Истурете го тестото во плехот.
Измешајте ги шеќерот и циметот и половина испрскајте го врз тестото. Додадете ги сецканите бадемии и печете го колачот 55 минути.
Кога ќе се излади префрлете го врз чинија за сервирање и испрскајте го со остатокот од шеќер и цимет.