Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 120 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сол
- 100 гр. шеќер
- 1 лажичка цимет
- 80 гр. путер
- 1 јајце изматено
- 120 мл. млеко
- 1 јаболко излупено и исечено на тенки листови
Подготовка
Загрејте ја тавата на 200 степени Намрсете кружна тава за пита. Помешајте го брашното со прашокот за пециво и солта. Во друг сад помешајте го циметот со 50 грама шеќер. Со мискер матете го путерот со остатокот од шеќерот. Додадете го и јајцето и продолжете со матење. На три пати додавајте го брашното и млекото и матете додека не се добие хомогена смеса. Во тавата истурете половина од смесата и израмнете. Наредете ги парчињата јаболко врз смесата и посипете со шеќерот со цимет. Зачувајте 2 лажички од шеќерот. Додадете ја втората половина од тестото врз јаболките. Попрскајте со шеќерот што го тргнавте настрана. Печете го колачот околу 25 минути, додека не добие златно жолта боја.