Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
60 мин.
Вкупно време:
1 ч. 20 мин.
Порции
6-8 лица
Состојки
- 230 гр. брашно
- 150 гр. крупно сецкани ореви
- 150 гр. шеќер (по желба можете да користите и кафеав шеќер)
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сол
- 4 големи банани, испасирани
- 50 мл. јогурт
- 2 јајца, изматени
- 6 лажици путер, растопен
- 2 лажички екстракт од ванила
- банана за декорација, по желба
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подлабоко тавче за печење намачкајте го со малку масло и посолете малку брашно на дното.
во длабок сад измешајте ги брашното, шеќер, прашок за пециво, сол и ореви. Во друг сад добро измешајте пасирани банани, јогурт, јајца, путер и ванила. Потоа една по една лажица додадете ги во смесата од брашно и мешајте додека да се соединат во рамномерно тесто. Префрлете го тестото во тавчето. По желба декорирајте го со банани и печете го во загреаната рерна 60 минути.
Кога ќе биде готово оставете го колачот неколку минути да се излади, пред да го извадите од тавчето.
На здравје!