Тост десерт

Француски тост со сируп од сливи

Вкусен и лесен десерт од печено лепче со прелив од сливи.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 50 гр. кафеав шеќер
  • 1 лажица вода
  • 2-3 сливи, исецкани
  • 5 земички (или кифли)
  • 1 јајце
  • 150 мл. млеко
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка ванила
  • сол
  • шеќер во прав за декорација

Прелив

  • 2 сливи, ситно сецкани
  • 2 лажици сок од портокал
  • сок и кора од половина лимон

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во мало тенџере растопете го кафеавиот шеќер заедно со сецканата слива и 1 лажица вода. Гответе ги 2-3 минути на среден оган, па одстранете го тенџерето од рингла.
Во огоотпорен сад намачкан со малку масло наредете ги земичките исечени на коцки. Додадете ја смесата од шеќер врз земичките. Во чинија измешајте јајце, млеко, цимет, ванила и сол. Додадете ги врз лебот и печете го во рерна без капак 50 минути додека да добие светло кафеава боја.


Во меѓувреме во мало тенџере измешајте ги сливите, сокот од портокал и сокот и кората од лимон и гответе ги околу 1 минута на посилен оган. Потоа намалете ја температурата на ринглата и гответе ги уште 15 минути.
Сервирајте го печеното лепче топло, прелиено со лажица од сирупот и декорирано со шеќер во прав.
На здравје!

21 септември 2012 - 00:23