Мафини

Црвени мафини

Вкусен рецепт за мафини со фил од кремсирење.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

16 парчиња

Состојки

  • 100гр. путер
  • 150гр. шеќер
  • 1 јајце, лесно изматено
  • 1 лажичка бел оцет
  • 1 лажичка црвена прехрамбена боја
  • 200гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажици какао
  • 100мл. млеко
  • рендано чоколадо за готвење за декорација

Крем

  • 120гр. крем сирење
  • 60гр. путер
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 300гр. шеќер во прав

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете со хартија 16 калапи за мафини.
Со миксер изматете го путерот и шеќерот 3-4 минути додека да добие кремаста текстура. Додадете го јајцето, оцет и црвена прехрамбена боја. Матете ги додека да се соединат. Додадете во смесата брашно и какао една по една лажица. На крај додадете млеко и добро измешајте за да добиете изедначено тесто.
Со лажица наполнете го тестото во калапите. Печете ги 15 минути. Оставете ги 5 минути да одстојат во калапите па потоа извадете ги да се изладат.
Во меѓувреме пригответе го кремот. Во длабок сад измешајте кремсирење, путер и ванила. Со миксер изматете ги додека да добиете изедначен крем. Постепено додавајте го шеќерот и продолжете со матење.
Префрлете го кремот во шприц за филување и декорирајте ги мафините по ваша желба. Одозгора испрскајте ги со рендано чоколадо за готвење.
На здравје!

17 мај 2013 - 10:29