
Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
10 мин.
Порции
4-5 лица
Состојки
- 350 гр. чоколадо за готвење
- 300 гр. хопла
- 300 гр. лешници
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка путер
Подготовка
Измешајте во сад 350 гр. чоколадо за готвење искршено на коцки и 300 гр. хопла.
Гответе го во микробранова печка 5 минути. Потоа добро измешајте ја смесата па додадете сецкани лешници и ванила. Обложете едно тавче со хартија за печење и намачкајте го со путер. Рамномерно истурете го кремот во тавчето и израмнете го.
Оставете го кремот во фрижидер 2 часа за да се стегне, па послужете го исечен на коцки.