Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
20 парчиња
Состојки
- 400гр. чоколадо за готвење, крупно сецкано
- 250мл. хопла
- 200гр. крупно сецкани бисквити
- 370гр. суви смокви
- 170гр. суви зрна брусница
- 125гр. несолени фстаци
Подготовка
Обложете правоаголно тавче со хартија за печење.
Во огноотпорен сад исмешајте ги хоплата и чоколадото. Поставете го садот врз тенџере зовриена вода на рингла. Растопете го чоколадото со хоплата на пареа. Потоа во чоколадната смеса додадете ги бисквитите, сецкани смокви, брусница и фстаци. Добро измешајте ја смесата и префрлете ја во подготвеното тавче.
Ставете го тавчето во фрижидер 4-5 часа за да се стегне.
Исечете го колачот на коцки и послужете го.
На здравје!