Состојки
- 400 грама варен наут
- 100 грама презла
- Половина главица црвен кромид
- 1 морков
- 1 супена лажица кумин
- 1 чешне лук
- 40 милилитри маслиново масло
- 1 јајце
- 4 компири
- 1 домат
- Листови зелена салата
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Ако треба да го оставите наутот да кисне во вода и да го сварите, тоа направете го пред да почнете, а во некои продавници можете да купите и конзервиран варен наут.
Земете голем длабок сад и во него ставете ги сите состојки за плескавицата. Изрендајте половина главица црвен кромид и еден морков во смесата. Земете блендер и блендирајте ја смесата додека наутот убаво да се распространи низ целата смеса. Измешајте со лажица и уверете се дека ја имате потребната текстура. Ако не сте задоволни со смесата можете да додадете уште малку презла, но овој рецепт дава рамномерна застапеност на состојките. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Чекор 2: Почнете да ги обликувате плескавиците со раце. Од овој рецепт би требало да Ви излезат вкупно 4 плескавици, кои потоа ќе ги ставите на површина намачкана со масло.
Чекор 3: Земете голема Делимано Тава за пржење, во неа загрејте масло и потоа ставете ги плескавиците. Пржете ги по неколку минути од двете страни, а потоа повремено вртете ги додека да добиете еднаква златна боја.
Чекор 4: За да го направите пекарскиот компир, едноставно исчистете 4 компири со средна големина и исечете ги по должина или по широчина на осум парчиња. Ставете ги во тавата за пица, зачинете ги со сол и прелијте го со маслиново масло, а потоа печете ги на температура од 180 степени 20 минути. или додека да станат крцкави.
Чекор 5: Сервирајте на чинија во земичка, ставете листови зелена салата, па плескавицата од наут, кришка домат и поклопете ја земичката. Пекарскиот компир сервирајте го отстрана.
СОВЕТ: Можеби ќе сакате да ставите и различни додатоци како прилог на овој рецепт. Ние пробавме со мајонез или доматен кечап, но и ајварот или лутеницата одлично одговараат. Компирот можете да го зачините со сладок или со лут црвен пипер!