Талијатели со модар патлиџан и пармезан

Состојки

  • 150 грама Талијатели
  • 1 модар патлиџан со средна големина
  • 100 грама пармезан
  • сончогледово масло за пржење
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Ставете ги тестенините во зовриена вода… Маслиновото масло и солената вода им даваат пофин вкус и не им даваат да се залепат.

Чекор 2: Модриот патлиџан исечкајте го на коцки… Ќе го испржиме модриот патлиџан како главна состојка на јадењето... Тој е природно месест и со пржењето добива уште подобар вкус.

Изрендајте го пармезанот.

Чекор 3: Ставете го модриот патлиџан во загреано масло... Пржете го околу 3-4 минути и повремено промешувајте за коцките да добијат рамномерна боја… Извадете ги и оставете ги да се исушат на кујнска салфетка.

Чекор 4: Почнете да ги мешате состојките заедно... Сакаме пасмезанот да се стопи врз тестенините, а модриот патлиџан на талијателите ќе им даде богат вкус на масло.

Чекор 5: Време е за сервирање: Сервирајте во чинија и украсете со свежо набран силен босилек.

СОВЕТ: Во овој рецепт можете да ставите и малку лимонов сок, или пак модриот патлиџан да го замените со тиквички… Ова јадење одлично оди со чаша студено бело вино на сонце со пријателите и семејството.

5 мај 2014 - 08:00