Свински Кременадли во маринада од Сос од соја

Состојки

  • 2 свински кременадли
  • 4 супени лажици Сос од соја
  • Сок од 1 зелен лимон
  • 1 големо парче свеж ѓумбир

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер и маслиново масло
  • Послужете со пржен зеленчук

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Грил тава и Вок тава.

Подготовка

Чекор 1: За подготовка на маринадата излупете го и ситно исечкајте го ѓумбирот. Зачинете ги кременадлите и помешајте ги со ѓумбирот, сокот од зелениот лимон и сосот од соја. Сосот од соја е природно солен, па затоа не додавајте многу сол.

Чекор 2: Покријте ги и оставете ги во фрижидер да отстојат 2-3 часа. Киселината од лимонот ќе навлезе во месото.

Чекор 3: Загрејте ја Грил тавата и печете ги кременадлите од двете страни додека да добијат златна боја. Испечете ги и парчињата лимон и ѓумбир за комбинација на вкусовите.

Чекор 4: Кратко пропржете зеленчук во Вок тавата и оброкот е подготвен за служење.

Чекор 5: Најдолу ставете го пржениот зеленчук. Направете простор во средината и ставете го месото со парчињата лимон и ѓумбир. Одозгора прелијте со остатокот од сосот!

СОВЕТ: Свежиот ѓумбир е многу корисен за здравјето вклучувајќи ги и теориите дека го намалуваат ризикот од рак. Користете го во чај и вклучете го ѓумбирот во секојдневната исхрана. Тој, исто така, се користи и замрзнат.

29 март 2014 - 08:00