Супа од пашканат и кари (Посна)

Состојки

  • Масло или путер за пржење
  • 1 мал бел кромид
  • 3 парчиња пашканат
  • 2 супени лажици кари
  • 300мл. супа од зеленчук/вода
  • 75мл. млеко или павлака (по желба)

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање – Излупете го пашканатот пред да го исечкате. Исечкајте го и кромидот и почнете со пржењето.

Чекор 2: Додадете го зеленчукот во тавата заедно со карито и пржете ги во путер или масло. За да направите супа не мора да го пропржувате зеленчукот, но вака има многу подобар вкус.

Чекор 3: Покријте ја супата од зеленчук и оставете ја да се вари 30 минути.

Чекор 4: Изблендирајте ја супата и подготвени сте да ја послужите. На крај додаваме малку млеко или павлака за поубав вкус и текстура.

Чекор 5: Сервирајте ја со неколку парчиња пашканат, а одозгора наросете малку кари за декорација.

СОВЕТ: Во овој рецепт карито може да го замените со кумин и дури и да додадете јаболко за дополнителен вкус. Може да испечете и чипс од пашканат за уште посилен вкус.

24 јануари 2014 - 08:00