Сендвичи со кинето свинско месо

Состојки

  • 1 килограм свински бут
  • 1 супена лажица кафеав шеќер
  • 1 супена лажица црвен пипер
  • 1 супена лажица ѓумбир во прав
  • 1 супена лажица мелено каранфилче
  • 1 супена лажица лук во прав
  • 1 супена лажица сол
  • 1 супена лажица црн бибер
  • 2 ловорови листа
  • 6 земички леб
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: За да ја направиме смесата од зачини ќе почнеме да ги мериме состојките. Во длабок сад со лажица ставете мелено каранфилче, лук во прав, ѓумбир, сол, шеќер, црвен пипер и црн бибер и измешајте ги. Треба да се појави опојна арома.

Чекор 2: Зовријте малку вода во тавата, во неа ставете ја смесата од зачини и измешајте за да добиете каша од зачини. Кога ќе се спојат, почнете да додавате по малку вода додека тавата да се наполни околу 70 проценти. Ставете 2 ловорови листа и оставете ја да крчка на тивок оган.

Чекор 3: Земете го парчето свинско месо. Овде користиме свински бут, но одговара секое парче тврдо свинско месо, како што е плешка. Исечкајте го месото на помали парчиња и зачинете го со сол и бибер од обете страни.

Загрејте тава за пржење со масло и запржете го месото од сите страни. Тоа на готовиот рецепт ќе му даде дополнителен вкус.

Чекор 4: Ставете ги парчињата свинско месо во водата додека крчка и оставете го да се готви 3 часа на тивок оган. Ставете го капакот за да не испари водата.

Чекор 5: Кога ќе завршите, извадете ги парчињата свинско месо. Тие се смалени бидејќи вишокот маснотии се истопи во водата. Земете две вилушки и почнете да го распарчувате месото такашто ќе го кинете на помали парченца. Затоа се нарекува „кинето свинско месо”!

Чекор 6: Време е за сервирање: Земете две земички за хамбургер и наполнете ги со обилна количина свинско месо. За крај ставаме сос за скара, но можете да ставите што сакате или пак да уживате само во месото.

СОВЕТ: Кинетото свинско месо не е ништо повеќе туку бавно готвено свинско месо во прекрасни вкусови кое се распаѓа на чинијата и во Вашата уста. Дури би Ви препорачале месото да го зготвите во Кока Кола или Доктор Пепер за тоа да добие силен вкус и текстура.

1 март 2014 - 08:00