Состојки
- 4 јајца
- Една рака црни и зелени маслинки
- Една рака чери домати
- 1 кафена лажичка суво оригано
- 1 кафена лажичка суви чили пиперчиња
- Ладно цедено маслиново масло
- Квалитетен леб
- Сол и бибер
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Прво исечкајте ги чери доматите на тенки парчиња…
Потоа земете ги маслинките… Овде користиме зелени и црни маслинки заради разновидност… Пресечете ги на половина и извадете ги семките, ако се со семки…
Чекор 2: Потпечете го лебот на грил тавата... Делимано грил тавата на лебот му дава одлична боја со златни линии по должината на лебот…
Чекор 3: Време е за пржење: Ставете малку високо квалитетно маслиново масло во тавата за пржење додека таа се загрева и почнете да ги пржите маслинките и чери доматите... Сакаме вкусовите на овие состојки да се спојат со маслото. Потрудете се убаво да ги зачините со сол и бибер.
Направете место на средината од тавата и ставете 2 јајца… Покријте ги додека се пржат со сувото оригано и чили пиперчињата… Оставете ги јајцата да се пржат на среден оган преливајќи ги со жешко масло одозгора за да го завршите процесот на подготовка…
Чекор 4: Време е за сервирање: На чинија ставете го потпечениот леб и потоа врз него ставете ги јајцата и обилна количина од другите состојки…
СОВЕТ: Ова се класични медитерански вкусови… Зошто да не се обидете јајцата да ги комбинирате и со други состојки, кои ќе ги додадете во раната фаза од подготовката за тие да се готват заедно со јајцата и да се спојат со нив.