Погачици со рузмарин и пармезан

Состојки

  • 340 грама брашно
  • 2 супени лажици прашок за пециво
  • Малку сол
  • 55 грама путер
  • 30 грама пармезан
  • 1 врзопче рузмарин
  • 150 милилитри млеко

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано тава за рерна.

Подготовка

Чекор 1: Земете врзопче рузмарин и скинете ги ливчињата од гранчињата. Потоа ситно исечкајте ги.

Чекор 2: Земете длабок сад и во него измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. А потоа ставете и путер и почнете со рацете да ги месите додека да се спојат сите елементи.

Чекор 3: Во садот ставете ги рузмаринот, пармезанот, а потоа и млекото за да добиете меко тесто. Измешајте го со дрвена лажица, превртете го на маса и нежно месете кратко време.

Чекор 4: Попрскајте го со брашно и измесете го со сукалка до дебелина од околу два ипол сантиметри. Земете тркалезен калап и со него исечете погачици од тестото. Извадете ги погачиците, а потоа повторно размесете го преостанатото тесто и измесете го со сукалка за да добиете уште погачици. Повторувајте ја постапката додека да го потрошите тестото. Од овој рецепт би требало да добиете 8 до 9 погачици.

Чекор 5: Пред да ги ставите погачиците да се печат, премачкајте ги со млеко во кое има изматена жолчка и одозгора ставете уште малку пармезан, а потоа ставете ги во рерна загреана на температура од 200 степени околу 10 до 12 минути. При печењето погачиците ќе станат приближно двојно поголеми.

Чекор 6: Време е за сервирање: Сервирајте ги за пријателите на чинија со малку путер. Не чекајте, сервирајте ги топли – тогаш се најдобри.

СОВЕТ: И, тоа е тоа. Брза, вкусна и едноставна идеја за рецепт за која можете да ги менувате и вкусовите – овој рецепт лесно може да се претвори во слатка посластица со користење шеќер наместо рузмарин и пармезан.

1 февруари 2014 - 07:58