Паштета од печурки

Состојки

  • 10 печурки
  • Половина главица бел кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 супена лажица мајчина душица
  • 125 грама путер (или маргарин)
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Исечкајте ги лукот и кромидот. Не морате да бидете многу уредни затоа што подоцна ќе ги изблендираме заедно.

Печурките исечкајте ги на тенки парчиња.

Чекор 2: Земете средна тава за пржење и почнете во неа да го топите путерот, а потоа ставете ги печурките, кромидот и лукот и полека крчкајте ги. Сакаме да го омекнеме зеленчукот и путерот да го впие вкусот на рецептот. По неколку минути додадете ја мајчината душица и продолжете да ги крчкате состојките. Зачинете со сол и бибер.

Откако ќе ги крчкате 7-8 минути, тргнете ги од огнот и ставете ги во длабок сад. изблендирајте ја смесата неколку минути додека да стане мазна и ставете ја во длабок сад. Паштетата ја гарнираме со две пржени парчиња печурка и 4 мали ореви.

Ставете ја паштетата во фрижидер да отстои најмалку 1 час пред да ја сервирате.

Чекор 3: Потпечете 4 кришки леб на грил тавата. Со четка намачкајте ги со масло за да добијат поубава боја.

Чекор 4: Време е за сервирање: Извадете ја паштетата од фрижидер и сервирајте ја на чинија со неколку парчиња леб. Не морате да ставате уште путер затоа што паштетата веќе содржи повеќе од доволно!

СОВЕТ: Паштетата потекнува од Франција, но секоја земја има свои верзии. На интернет страницата веќе направивме пилешка паштета, но можете да ни испратите и други рецепти кои ќе ги споделиме со членовите на moirecepti.mk

21 февруари 2014 - 08:00