Состојки
- 2 Јајца
- 200 грама ориз
- Една рака грашок
- 4 Млади Кромитчиња
- Соја сос
- Масло
Подготовка
Чекор 1: Многу е важно оризот да го сварите пред да почнете со подготовката на овој рецепт... Тоа можете да го направите и ден порано и да го ставите во фрижидер, на даска за сечкање покриен со целофан.
Чекор 2: Загрејте ја Делимано вок тавата… Ќе знаете дека е спремна за употреба кога термо сензорот ќе стане црвен… Ставете масло и соја сос, а потоа ставете го и оризот... Малку промешајте…
Следни ставете ги младите кромитчиња и грашокот… Измешајте ги заедно, ставете уште малку соја сос и оставете ги состојките да се комбинираат…
Чекор 3: Направете место за јајцата на средината од вок тавата… Ставете 2 јајца и веднаш почнете да мешате… Јајцата ќе се пржат додека ги мешате со оризот… И ќе добиете густа смеса на ориз со прекрасен вкус на јајца и соја сос.
Чекор 3: Време е за сервирање: Оризот пржен на јајца традиционално е прилог на главното јадење, но зошто не би го сервирале и самостојно... Заситува и обилува со вкус.
СОВЕТ: Најважно за овој рецепт е да го оставите варениот ориз да се исцеди за да нема премногу течност при готвењето… Можете ли да јадете со стапчиња, на вистински Кинески начин?