Омлет со слатки црвени пиперки

Состојки

  • 3 големи цели печени црвени пиперки
  • 6 јајца
  • 100 милилитри млеко
  • Магдонос за гарнир
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Исечкајте ги црвените пиперки на тенки ленти. Овде користиме однапред подготвени слатки црвени пиперки кои се лесни за сечкање, но можете и сами да ги испечете и излупите пиперките. За овој рецепт ќе бидат доволни една и пол голема пиперка по човек.

Чекор 2: Во длабока чинија ставете три јајца заедно со 50 милилитри млеко, сол и бибер и изматете

Чекор 3: Стопете путер во тавата и намачкајте го дното, а потоа сипете ја смесата со јајцата на среден оган. Не сакаме омлетот да се испржи пребргу па затоа бидете трпеливи и контролирајте ја температурата.

Расфрлајте ги пиперките врз целиот омлет додека се пржи. Продолжете да го пржите омлетот на среден оган. Ова е едноставен рецепт, но изненадувачки е како и едноставните рецепти можат да тргнат сосема наопаку ако не внимавате.

Откако омлетот скоро целосно ќе се испржи во средината, превртете го за да ја завршите подготовката.

Чекор 4: Време е за сервирање: Едноставно ставете го омлетот на чинија. Прелијте го со маслиново масло и украсете го со свежо сечкан магдонос.

СОВЕТ: Ова е толку едноставен, но вкусен начин да се ужива во слатки црвени пиперки заедно со омлет. Како гарнир можете да ставите и босилек наместо магдонос. Или пак да ставите рендано сирење внатре во омлетот. Дури ни доаѓа и да го попрскаме готовото јадење со мед!

30 ноември 2013 - 14:01