Состојки
- 180гр лешници
- 10 свежи урми
- 1 лажица таан
- 2 лажици ленено масло
- Какао за валкање на бомбиците
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Кујнски сецко.
Подготовка
Чекор 1:Лешниците измелете ги најситно што можете. Урмите покиснете ги во вода петнаесетина минути, потоа излупете ги и извадете им ги семките.
Чекор 2:Во мелените лешници додајте ги урмите, таанот и маслото, па мелете сѐ заедно. Доколку немате сецко или машина за мелење што ќе ја собере целата смеса, може да ги блендирате лешниците и урмите одделно, а потоа сѐ заедно со таанот и лененото масло да замесите како тесто.
Чекор 3:Од смесата формирајте топчиња. Оваа смеса е доволна за 14 бомбици. Бомбиците валкајте ги во какао и редете ги во чинија. Толку е лесно!
Чекор 4:Може да ги јадете веднаш, но уште повкусни се кога ќе отстојат во фрижидер барем еден час. Сервирајте ги на чинија со неколку сурови лешници како декорација.
СОВЕТ: Овие бомбици се подготвуваат толку брзо и лесно, што може да ги направите веднаш штом ќе ви се најават гости, а со нивниот изглед и богат вкус ќе оставите впечаток на искусен готвач.